Насловна / Арт и дизајн / „Набор“, „Клопче“ и „Облак“ како ентериерни елементи

„Набор“, „Клопче“ и „Облак“ како ентериерни елементи

cb_020914_01-630x415
Дизајнерот од Нов Зеланд, Clark Bardsley креираше елементи во ентериерот кои ги именувал според асоцијациите што ги будат, масичка „Набор“, шанк-столица „Клопче“ и ламба „Облак“.

cb_020914_02-630x472
Масичката „Набор“ ја чини структура на метални цевки, превиткани и споени така што создаваат изглед на набор, поради што и масичката го добива тоа име. За разиграноста придонесува пластичноста на челикот.

cb_020914_05-630x472
Столицата „Клопче“ е комбинација од метални прачки и дрвени ногарки. Инспирацијата во дизајнот е извлечена од математичките модели. Оваа столица е добиена со комбинација од машинска и рачно изработена техника. Седиштето е изработено од борово дрво. Дизајнерот го истражува декоративниот потенцијал на структурата, со употреба на минимален број делови.

cb_020914_06-630x472 cb_020914_08-630x472
Светлосното тело „Облак“ се состои од мултиплицирани иконични хемисфери кои се карактеристични за обичните ламби, но споени во една форма со два или три рефлектори исто така споени како едно. Светилката е рачно изработена од лесен челик, пресечени полусфери и залепени заедно. Темниот индустриски финиш е во контраст со светлата сребренеста внатрешност, што се открива кога се седи на масата.

cb_020914_11-630x469

Испрати коментар

Scroll To Top