Живеете во мал стан и имате максимално искористен простор, па не ви се допаѓа натрупаноста? Овие промени кои можете сами да ги направите се одлично средување на просторот, но и заштеда на вашите пари.
Плус простор за облека е секогаш добредојден
Овие закачалки изгледаат како оние во филмските студија, па со сигурност ќе му дадат посебен шмек на вашиот стан. Однапред одберете си ја гардеробата за цела недела и имајте ја секогаш при дофат на рака.
Повеќенамески мебел
Кога живеете во мал стан, гледајте мебелот што го користите да можете да го употребите за повеќе намени. Како на пример, табуретките може да служат и како масичка за кафе или пак кутија за чување работи.
Набавете инересни завеси
Со нив ќе ги поделите кујната од дневната или може да го сокриете креветот за спиење. Така вашиот простор визуелно ќе биде поголем.
Големи перници за седење
Лесно може да ги направите сами и на тој начин може да поканите голем број луѓе во вашата дневна соба.
Користете рачно направени детали
Тие предмети ќе му дадат интересен поглед на вашиот мал стан. Интересно дизајнираните ламби, куферчиња кои може да послужат како масичка, закачалки кои може да послужат за накит и чанти се секогаш добредојдени во минијатурните станчиња.
Не заборавајте! Ѕидовите во вашиот мал стан нека блеснат во живописни бои. Дадете му на станот разиграност и живост, но секогаш нека го отсликува вашиот карактер.