Во Париз се отвори објект на Фондот на кино-студиото Патје, проектиран од архитектот Ренцо Пијано.Објектот се наоѓа на местото на театарот од 19 век , од кој е останата само фенси фасадата со скулптури од Огис Роден. Театарот подоцна е претворен во едно од првите кина во Париз. Во 1960 год. целосно обновен за Фондот Патје студио, специјализиран за неми филмови што и до денес останува главна дејност. Локацијата е во средина на блокови од времето на барон Хаусман, со единствен начин на влез на градежен материјал преку порта со ширина од пет метри.Без разлика на опкружувањето, единствена отстапка е во кровот изработен со алуминиумски панели во сива боја, во органска форма налик на борбен брод.Веднаш зад историската фасада е влез од стакло пред кој е плоштадка со градина од брези. На подземниот и првиот етаж се изложбени простори и киносала, а по етажите се архивите со уникатни материјали, реализирани филмови во периодот 1896-1927 год., со повеќе од 9.000 филмови. На последните два етажа под стаклената купола се канцелариските простории на Фондот.