Насловна / Вести / Во Кина отворена енергетски ефикасна – пасивна зграда

Во Кина отворена енергетски ефикасна – пасивна зграда

tumblr_na5hx2aeWk1qa3g84o1_1280
Проектирањето на пасивни објекти е во подем во Кина. Зградата Passivhaus Bruk, проект на германското архитектонско биро Peter Ruge Architekten, неодамна е отворена во градот Чангскинг во Кина. Станбената зграда која содржи 46 станбени единици ги исполнува стандардите за една пасивна куќа – еден од најстрогите стандарди за зелена градба во светот. Постигнува 95% заштеда на енергијата споредено со други објекти со слична големина и содржи некои од најсовремените одржливи технологии. Добро излорината фасада дополнета е со високо ефикасен систем за вентилација, тројно застаклени прозорци и елементи за засенчување во облик на обоени шипки. Директорот на Passivhaus институтот д-р Volfgang Feist од Германија ја посети оваа зграда и ги пофали нејзините перформанси.

 

Испрати коментар

Scroll To Top