Бастионот на Трговците, изработен од Point4 Architects е дел од фортификацискиот систем на Брашов, еден од градовите на Трансилванија изграден во средниот век од страна на германски (саксонски) колонисти. Бил напуштен долго време, така што кревките елементи како облогите и скалите исчезнале во текот на времето а останале само тешките масивни кружни ѕидови.
За време на археолошките ископувања на ниво на терен се пронајдени остатоци од постари ѕидови. Повикот за реставрација на кулата и создавање на информативен центар за посетители во Брашов, треба да содржи интерактивни информации и едукациска опрема.
Се востановува дека покривањето на Бастионот би инволвирало метална кровна структура и затоа зајакнувањето на горниот дел на кулата со кружни бетонски појаси, неизбежно ја оштетува суштината на споменикот. Покрај тоа, темелите на постарите ѕидови би требало неизбежно да се заштитат и делумно да се изложат, што строго го ограничува употребувањето на приземниот простор. Архитектите, следствено, предложуваат да се смести информативниот центар во внатрешноста на кулата во посебна слободностоечка кула, која нема да смета ниту да се одрази на кој било начин на структурата на кулата ниту на нејзиниот надворешен изглед.
Старата структура е поправена. Новите пешачки патеки ја носат и позицијата и основната геометрија на оригиналната структура, но составена од челична конструкција со метална мрежа со дрвени подови и метални парапети.