Насловна / Архитектура / Куќа со овален двор во Субиако, Западна Австралија

Куќа со овален двор во Субиако, Западна Австралија

so1-630
Оваа семејна куќа во Субиако, Западна Австралија, е штотуку завршена а проектот е на Luigi Roselli Architects. Гледан од улица, овој скромен семеен дом крие во себе тајност; кластер на меѓусебно поврзани павилјони со овална дворна градина во нивниот центар.

so2-630

На јавно видливите лица на павилјоните, усогласени со геометријата на плоштадот на ниво на земјата, со должна почит се усогласени на хомогениот карактер на раната 1900-та федерациска ера на плановите на Subiaco Streetscape, едно од најзачуваните предградија на Перт, каде постои постаро урбано јадро со ажурирани традиционални веранди и вкрстен модел формиран од тула. Па така, ова соседство влијае на изгледот и на оваа нова куќа со елементи ентузијастички адаптирани за новата локација. Она што е специфично за оваа куќа е што со самото стапнување на влезот се открива, ништо друго, туку куќа-плоштад.

so3-630 so4-630 so5-630 so6-630

Елипсовидниот двор кој е поставен дијагонално, преку срцето на куќата, од влезната до задната врата, е фокусната точка на домот во смисла на дизајн и употреба. Дворот ги дели спалните соби од животниот простор со влезен хол во центарот. Од самиот влезен дел може да се види целиот двор со дневната и спалната соба – тоа е многу интимен и приватен простор, минимално уреден со тревник и неколку дрвја кои се повторуваат во урбаниот блок.

so7-630 so8-630

Надворешно овалот се граничи со уште една веранда од дрво, достапна од сите места на куќата, со театрален отворен простор каде децата може слободно да играат и да се забавуваат. Овалната форма на дворот влијае и на внатрешниот распоред, каде се појавуваат овални кривини за поврзување на коридорите и стаклените панели кон дворот.

so9-630 so10-630 so11-630
Ентериерот на куќата ја рефлектира конструктивната тензија на нејзините безвременски аспекти  како традиционалните покривни форми, решени со видливо дрво, насликаниот јазик на граничните линии, малите прозорци и традиционалните француски врати, заедно со повеќе современи материјали, како што се полиран бетон и црн челик, современата дограма и скандинавскиот мебел.

Испрати коментар

Scroll To Top