Најпогодно за прихрана на тревните површини е азотното ѓубриво. Тоа го стимулира растењето на тревата. Во зависност од типот на ѓубривото, најпогоднен период за прихрана преку летото со амониумова шалитра и тоа неколку дена пред косењето и амониев нитрат во пролет и есен. Прихраната најдобро е да се врши на влажна површина во поладните часови од денот, а по прихранувањето треба обилно да се полева. Нормата за прихрана е околу 20-25 g/m² амониумова шалитра или околу 40 g амониев нитрат на m² .
Многу важно е да се напомене дека поголема количина прихрана на m² може да доведе до оштетување на тие делови од тревникот.
Сезонски најпрактично е прихраната да започне веке од средината на месец март, најкасно април. Како есента си оди и количеството се на прихрана се намалува, па така до средината на месец ноември би требало да се прекине со прихрана се до почетокот на следната сезона.