Министерот за енергетика и рударство на Србија Александар Антиќ ја пушти денес во работа соларната електрана во близината на Беочин. Таа е со моќност од еден мегават и во неа се вложени 1,8 милиони евра.
– Станува збор за еден од најголемите соларни паркови во Србија, кој се простира на површина од 2,5 хектари и има 4,5 илјади соларни панели, – изјави министерот Антиќ.
Соларната електарна е инвестиција на словачката компанија „Прима енерџи“ и е завршена за три и пол месеци. Во неа ќе се вработат 10 луѓе. Ова е шести соларен парк во Србија во кој вложува словачката фирма. „Со стартување на овој соларен парк во енергетскиот систем на земјата засега ќе се испорачуваат 5,5 мегавати, што е околу 55 отсто од количините што Србија треба да ги добива од овој вид енергија“, рече министерот Антиќ и нагласи дека Србија од енергијата на сонцето треба до 2020 година да добива 10 мегавати електрична струја.