Насловна / Вести / Во Лондон ќе никне град – облакодер?

Во Лондон ќе никне град – облакодер?

SURE-Architecture-wins-Endless-City-skyscraper-competition-04

Концептот наречен „бескраен град“ (Endless City) е дело на архитектонското студио „SURE“ и претставува визија за иден облакодер во Лондон. Идејата е да се направи пасивна зграда, со еко-системи во внатрешноста на зградата и минимална потреба од вештачко осветлување и вентилација. Концептот за солитер на иднината во Лондон претставува зграда висока 300 метри, замислена како вертикален град во која освен резиденцијалниот дел ќе бидат сместени и училишта, продавници па дури и големи паркови. Зградата е замислена како енергетски ефикасна континуирана целина поврзана со пасарели помеѓу катовите, а не како класично натрупување на катовите еден над друг.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top