Насловна / Екологија / Планираната изградба на 500 нови хидроцентрали закана за биодиверзитетот во Западен Балкан

Планираната изградба на 500 нови хидроцентрали закана за биодиверзитетот во Западен Балкан

Hutovo blato;
Светската организација за заштита на природата WWF (World Wildlife Fund) предупреди дека планираната изградба на над 500 нови хидроелектрани во регионот на Динарскиот крак, кој се протега на околу 100.000 квадратни километри на просторот меѓу Словенија и Албанија, ќе ја загрози богатата биолошка разновидност на западен Балкан и како што истакнуваат, неколку исклучително вредни природни региони, како што се Паркот на природата Хутово Блато во Босна и Херцеговина, делтата на Неретва во Хрватска, реките Морача и Тара во Црна Гора, а со тоа и Скадарското Езеро. Овие природни ресурси, тврдат во WWF, поради својата богата биолошка разновидност спаѓаат во 200 најважни еко региони во светот. Picture 212Тоа е центар на биолошката разновидност во Европа, со голем број на ендемски видови на риби и влекачи. Притоа потсетуваат дека со развојот на хидроенергијата на реките Неретва и Требишница во 60-тите години од минатиот век и изградбата на 11 хидроелектрани, веќе се случиле драстични промени во сливот на реката Неретва, односно во Паркот на природата Хутово Блато и во моментот се наоѓа под голем притисок поради помалите количини на вода.
Hutovo_Blato_01

Испрати коментар

Scroll To Top