До 19 октомври во градината Кисингтон во централен Лондон може да се посети галеријата Серпентин и во нејзиниот двор времениот павилјон, годинава дизајниран од чилеанскиот архитект Смиљан Радиќ. Десетгодишната традиција на дизајнирање на овој простор го збогатуваат повеќе врвни имиња, добитници на Прицкерова награда, како што се архитектите Заха Хадид, Жан Нувел, Френк Гери, Рем Колхас…
Површината на павилјонот од 541 м2 е распослана на груби камени блокови, легнати на просторот на паркот и обликуван како школка или можеби лушпа од свилена буба изработена од фибер глас.
Дебелината на лушпата од 10 мм пропушта светлина, и таа е испресечена со балкони и асиметрични прозорци отворени кон паркот. Сликите ја доловуваат атмосферата во внатрешноста на просторот, кој преку ден е кафе, а навечер простор за разговори, концерти, рецитали на поезија…