Насловна / Хортикултура / Зелената страна на Рим

Зелената страна на Рим

1
Главниот град на Италија Рим, се протега на површина од 1.280 квадратни метри и има популација од 3.500.000 жители и голем број туристи речиси во текот на целата година.

Како и сите други светски метрополи, така и во Рим проблем претставува недостигот на зелени површини во централното градско подрачје. За разлика од центарот, зелените површини во периферните делови од градот претставуваат вистински рај кој се протега на површина од 52.000 хектари, со што го става на врвот од листата на зелени метрополи во Европа.

2Иако сообраќајот во централниот дел од градот е видно редуциран, а акцент е ставен на пешачките зони, сепак тоа не е доволно за да ја задоволат потребата на граѓаните од зеленило. Зелените површини во централното градско подрачје, во суштина се сведуваат на градини од аристократски семејства кои се со ограничен пристап, како што се вила Боргесе, вила Ада и вила Памфили. Тоа се линиски дрвореди и тревни површини, уредени со цветни аранжмани, најчесто од бегонии околу главните туристички атракции. Сепак, се добива впечаток дека на центарот му недостигаат пространи паркови и зелени површини за општа употреба. Жителите на Рим овој недостиг на зеленило го надокнадуваат така што речиси на 50% од рамните кровови и тераси има зеленило, кое не е во форма на класични кровни градини, туку се одгледуваат во големи теракотни садови.

3Дрворедите најчесто се подигнати од диви портокали, каталпи, јавори, липи и слично. Исто така, се среќаваат голем број палми, кои му даваат специфичен медитерански изглед на пејзажот во градот. Главниот збор кај зеленилото во Рим го има Италијанскиот бор (Pinus pinea), или уште може да се сретне како чадорест бор или каменест бор, медитернскиот чемпрес (Cupressus sempervirens), а посебен колорит на целиот пејзаж му даваат големите цветови од олеандрите (Nerium oleander).

4Природниот ареал на италијанскиот каменест бор е во медитеранскиот дел од Европа и Африка. Исто така може да се сретне и во делови од Јужна Америка. Доколку некогаш сте пробале некој специјалитет во кој има плодови од бор, тоа сигурно се плодови од италијанскиот бор уште познати како пињоли. Тие се користеле за јадење уште од праисторијата. Овие борови претставуваат зимзелени дрвја кои може да достигнат до 60 метри височина. Во Рим најчесто се среќаваат насадени во групи, така што од далечина се гледаат нивните споени чадорести крошни како формираат една совршена линија во височините, но може да се сретнат и како солитерни дрвја.

Испрати коментар

Scroll To Top