На четири километри западно од централната деловна зона на Бризбен, Австралија, Заха Хадид ги проектира трите станбени кули кои се наоѓаат на местото на некогашната радиодифузна корпорација во Товонг. Развојниот проект под име “Grace on coronation”, ќе содржи 486 апартмани, осум вили, а исто вклучува паркови кои се сместени покрај речниот брег. Во соседството се наоѓа културно наследство, стара куќа од 1865 година – Миденбури, која ќе биде заштитена како дел од проектот.
Опишувајќи ги предложените проекти, Заха Хадид изјави: „Проектот претставува стеснување на секоја структура за да се намали нејзината големина и да се отвори кон реката“.
„Нашата визија е да се создаде витална урбана населба која внимателно го активира својот урбан и речен контекст, преку архитектурата и пејзажниот дизајн“, објаснува генералниот директор на Sunland, Sahba Abedin. „Најважно е што таа визија отвора перспективи за пошироката заедница, преку создавање на експанзивните јавни паркови со погледи кон реката и трансформацијата на Миденбури во значаен јавен простор“.
Во процедура на одобренија и проектна разработка, работите се очекува да отпочнат кон крајот на 2015 година.