Насловна / Арт и дизајн / Уметноста на графити имплементирана во мебел

Уметноста на графити имплементирана во мебел

1

Улиците на јужниот дел на Тел Авив порано со бродоградителството претставувале дом на разни мали работилници за метал и столарија кои во денешно време со развој на индустрискиот дизајн, се затворени. Истиот урбан пејзаж, се обновува од млади и ентузијастички лица, кои повторно ги оживуваат улиците.

2 3
Лоцирано во оваа област, Студиото на Ariel Zuckerman, отпочнува проект насловен “Street capture”, каде се прават обиди за спој на потрошувачкиот свет со моменталниот креативен стил. Тимот прикачува дрвени табли на ѕидовите, како чисто платно за креативните моменти на уличните уметници кои работат графити.

4 5 6
Секое утро, тимот забележува нешто ново: понекогаш површината останува недопрена, понекогаш на неа се исцртуваат само помошни линии. После се преминува на цртање на графитите. Задоволството е големо после слоевитата работа кога креативците ги тргаат таблите и дозволуваат графитите да добијат алтернативна интерпретација претворајќи ги во тридимензионален објект. Така од една дводименизонална улична ументост на графити се создава прекрасно  и уникатно уметничко парче на мебел.

8 7 10 9

 

Испрати коментар

Scroll To Top