Насловна / Вести / МЖСПП: „Југохром“ доцни со активностите за еколошка дозвола

МЖСПП: „Југохром“ доцни со активностите за еколошка дозвола

jugohrom_1
ХЕК „Југохром“  воопшто не почнал со  реализација на шест од вкупно 29 задолженија од Оперaтивниот план за усогласување со А-интегрирана еколошка дозвола за која доби прологирање на рокот до 31 октомври годинава.

Ова е утврдено при денешната посета на Комбинатот од страна на ресорниот министер Нурхан Изаири, директорот на Државниот инспекторат за животна средина Фирус Мемед и стручни лица од Министерството.

Меѓу непочнатите активности, како што соопшти Министерството за животна средина,  е и изградбата на системот за отпрашување.

При посетата е направен мониторинг  на спроведувањето на задолженијата  од Оперативниот план за усогласување со А- интегрираната еколошка дозвола. Министерот Изаири  воедно извршил увид на работењето на системот за прочистување на отпадни води од депонијата на индустриски отпад од Југохром, како и на прочистителната станица која е дел од овој систем и утврдил дека е во функција, соопшти по средбата Министерството за животна средина и просторно планирање.

Испрати коментар

Scroll To Top