Насловна / Вести / Британија нема да гради аеродром на Темза

Британија нема да гради аеродром на Темза

article-2202226-14FB3865000005DC-191_634x397
Владината комисија за прашања од авиосообраќајот во Британија се изјасни против проектот за изградба на нов аеродром на вештачки остров на реката Темза источно од Лондон.

Планот за аеродром на реката Темза беше поддржан од градоначалникот за Лондон, Борис Џонсон, без оглед тоа што на територијата, каде што се планираше да се изгради аеродромот, живеат неколку видови разни животни.

aerodrom na temza
Изградбата на аеродромот со четири писти, исто така, повлекуваше и изградба и на автомобилски и железнички патишта. Наместо тоа комисијата предлага да се прошират можностите на веќе постојните лондонски аеродроми – Хитроу и Гетвик.

Претставникот на Борис Џонсон изјави дека решението на комисијата е кратковидо.

 

Испрати коментар

Scroll To Top