Насловна / Вести / Иницијатива за изградба на кампинг во потпелистерското село Маловиште

Иницијатива за изградба на кампинг во потпелистерското село Маловиште

Maloviste-Pelister
Советот на општина Битола ја прифати иницијативата на ЈУ Национален парк „Пелистер“ за изградба на информативна точка, кампинг, што ќе биде лоциран во месноста викана „Св.Ѓорге“ во непосредна близина на истоимениот манастир во потпелистерското село Маловишта.

Со усвојувањето на локалната урбанистичка планска документација (ЛУПД) создадени се услови да продолжат активностите содржани во акцискиот план за развој на националниот парк и обезбедување нови форми за сместување во периодот до 2016 година, потврдуваат од ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола.

Потпелистерското село Маловишта е единственото село кое се наоѓа во просторот на националниот парк „Пелистер“, оддалечено четири километри од регионалениот патен правец Битола-Охрид и на исклучително живописна локација во кое се наоѓаат црквите „Св.Петка“ со постојаната изложба на икони и „Св.Ана“ со конаците.

Испрати коментар

Scroll To Top