Насловна / Вести / По пауза од десет години – Советување за водостопанство и хидротехника

По пауза од десет години – Советување за водостопанство и хидротехника

sovetuvanje
На 18 и 19 септември во Струга, во организација на Македонскиот комитет за големи брани, ќе се одржи Десеттото советување за водостопанство и хидротехника, кое ќе има и меѓународен карактер.

Ова е прво советување по пауза од 10 години, а неговата организација е поттикната од се она што се случуваше во последната декада во водостопанската дејност во државава. Организаторите на советувањето велат дека изминатиот десетгодишен период се соочиле со штетните последици од прекинатата традиција, до 2003 година се одржани девет советувања, со што се потврди дека овие советувања се незаменливи во развојот на водостопанската дејност, која има непроценливо значење на заедницата.

На советувањето ќе се разработат повеќе теми. Првата ги опфаќа  институционалната поставеност, законската регулатива, администрирањето и стопанисувањето со водите…Втората тема е посветена на управувањето со водите во услови на климатски промени и екстремни хидролошки услови, расположливите водни ресурси, потребите од вода, ерозија, нанос и седиментација, заштита од ерозија, одбрана од поплави и заштита од суши, еколошки аспекти на водните ресурси и заштита на животната средина…Додека во рамките на третата тема ќе се расправа за истражување, проектирање, градба и одржување на хидротехничките објекти, брани со придружни објекти, па објекти на хидромелиоративни системи, објекти на комунални системи, уредување на сливни подрачја и на водотеци и хидроенергетски објекти.

Во рамките на Советувањето, е предвиденa постконференциска стручна посета на браната Тиквеш.

 

Испрати коментар

Scroll To Top