Вилата Нефкенс се наоѓа на убава локација во Вагенинген, Холандија, а проектот го изработуваат Mecanoo Architects. Семејството Нефкенс ја избра оваа извонредна локација, со поглед на реката Рајна, за изградба на нивниот нов дом.
Вилата се карактеризира со инспиративни погледи од дневната соба и главните спални соби, но исто така и од пространата кујна/дневна област кон големата градина.
Големи тераси се наоѓаат во нивелации над собите, така што изгледа како куќата да лебди. Транзицијата низ вилата од ентериерот во екстериерот е постепена, а натстрешницата ја обиколува целата куќа како рамка, па така може да се ужива во отворениот простор и во летниот и во есенскиот период.
Заоблените форми на вилата ја изразуваат желбата на сопствениците да останат блиску до природата, додека истовремено се реализира дизајн со индивидуален печат.