Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Соларна јахта заплови и во водите на Јадранот

Соларна јахта заплови и во водите на Јадранот

20130914_105123-Copier
Веќе не е новост дека Јадранот станува една од омилените дестинации на светскиот џет сет, па често може да се видат укотвени исклучително скапи и модерни јахти. Но, јахтата што неодамна е снименa во близина на Дубровник е посебна по својата ексклузивност. Се работи за висока технологија на соларен погон, односно се претпоставува дека се работи за експерименталниот брод “Planet solar”, кој досега има поставено повеќе рекорди пловејќи исклучиво на сончева енергија, и веќе ја има обиколено планетата. Површината на соларни панели е 500 m2, што е сосема доволно за автономна пловидба, а дополнително може да послужи и за напојување со енергија за други функции.

Испрати коментар

Scroll To Top