Државниот инвестициски фонд Катари Диар, се одлучи да го запре работењето во Црна Гора, поради прекин на проектот за изградба на луксузен рисорт кај Тиват, пренесуваат црногорски месиуми. Се работи за проект за изградба на ексклузивен туристички рисорт на брегот на Пржно во Тиват, вреден 350 милиони евра. Ова го потврди високо позициониран извор близок до раководството на проектот Beyond Horizon, како што се викаше проектот за изградба на елитен хотел со ранг од пет плус ѕвезди и ексклузивни вили на прекрасниот брег со песочна плажа во Кртоли, кај Тиват.
Од друга страна, минстерот за туризам на Црна Гора изјави дека влада ќе се потруди да го задржи фондот. Според него постоеле некои проблеми околу сопственоста на земјиштето за кои ќе се најде решение. Општината Тиват веќе усвоила измени во урбанистичкиот план услогласен со развојните планови на инвеститорот. Со ова се создадени услови за изработка на планска документација и издавање на градежна дозвола.
Aтрактивната локација од речиси 300.000 квадратни метри, катарската компанија ја купи за близу 25 милиони евра, пред четири години.