Тунелот„1 Март“ и делницата Зеница Југ – Лашва, на Коридорот 5ц, денес беа свечено отворени. Тунелот е долг околу три километри и ги поврзува Сараево и Зеница со модерен автопат. Со него ќе се скрати патот меѓу тие два града.
Изградениот тунел е најголем инфраструктурен објект изграден досега во Босна и Херцеговина. Се работи, всушност за дват паралелни тунела со вкупна должина од 5.680 метри. Вредноста на проектот изнесува 62 милиони евра.
На секои 250 метри во тунелот, кој е граден според европски стандарди, има врска меѓу двата тунела, за евакуација на пешаци, додека на секој километар има пристап до возилата.
Тунелот е опремен со сите безбедносни системи, променлива сигнализација, јавувачи на пожар, хидрантска мрежа, радио, мобилна и интернет врски, видео надзор, а ќе се управува 24 часа дневно во текот на цела година од Центарот за контрола и регулирање на сообраќајот.