Австралијанската луксузна компанија за нега на кожата Aesop, ангажира многу интернационални компании за ентериерниот дизајн на нивните продавници распоредени низ светот. На тој список се приклучуваат и Brooks+Scarpa со дизајнот на ентериерот на “Aesop DTLA”, најголемата продавница на брендот до денес.
Продавницата се наоѓа на приземјето од источно колумбиската зграда изградена во 1929 година во познатата историска театарска област во Лос Анџелес, во непосредна близина на Театарот Orpheum.
Оваа фирма со седиште во Калифорнија предвидува простор за дополнување на културата на соседството. Тие искористуваат картонски цевки со пречник од 6 инчи(15.2 cm) во изградбата на деловите од ентериерот како и мебелот во него, со топли, неутрални палети од рециклиран картон, продукти во vintage стил и внимателно задржување на природните бетонски подови од 1929 година.
Генерално, во центарот на градот Лос Анџелес, продавницата Aesop може да се пофали со атмосфера полна удобност и смиреност, додека низ излогот ги лови раздвижените видици од динамичната улица.