Насловна / Архитектура / Метрополитан Опера од Тојо Ито добива завршна форма

Метрополитан Опера од Тојо Ито добива завршна форма

1

Долго очекуваниот проект на Оперската куќа Метрополитан во Тајчунг, град во западен Тајван, полека се доближува кон својата завршница, каде голем дел од порозната т.н. фасада од „прскан бетон“ е готова. Проектиран од страна на познатиот јапонски архитект Тојо Ито, работата на терен започна кон крајот на 2009 година со комплексна изведбена стратегија.

2 3

Главната структура е формирана од неколку криви ѕидови, поврзани со подните површини и помошните ѕидови. Обвивката на континуираната површина е напревена од посебен тип на прскан бетон кој се користи за тунелски работи. Изработено во два слоја, јадрото на објектот се добива во пред-мешана серија со цел да се постигне точна концентрација.

6 7

Потоа, работниците ја порамнуваат со гипс мешавина со рака за да се обезбеди точната големина и текстура на дизајнот. Како резултат на тоа, надворешната обвивка – „кожа“ служи како екосистем: постојано рециклирање на дождовницата и пасивна контрола на температурата и осветлението во рамки на објектот.

8

4 5
Внатрешно, експанзивниот „уметнички плоштад“ се протега низ приземјето со голем број на циркулаторни патеки кои водат до големиот театар, што всушност е срцето на проектот. На горните нивоа се наоѓаат сместувачки капацитети со голем број услужни објекти за јадење и кафе-тераси кои водат до покривната градина. Јавното отворање на Оперската куќа Метрополитан во Тајчунг на архитект Тојо Ито е најавено за 2015 година.

9

Испрати коментар

Scroll To Top