Американската компанија „Форд“ неодамна објави дека започнува да ја гради втората најголема соларна гаража на средниот запад. Соларната гаража ќе има 360 паркинг места, а ќе може да произведе доволно енергија за снабдување со електрична енергија на дури 158 домови. Изведувач на работите е компанијата “DTE Energy”, која има обврска во наредните 20 години за одржување и сервисирање. Сите работи околу изградбата планирано е да завршат во почетокот на 2015 година.