Насловна / Екологија / Каде завршуваат батериите од електричните автомобили?

Каде завршуваат батериите од електричните автомобили?

prius_battery_pack_2
Едно од прашањата кое го поставуваат противниците на електричните автомобили е „што се случува со батериите кога ќе се демонтираат од овие автомобили“? Дали завршуваат на депониите или одат во претходно планиран процес на рециклирање? Познато е дека батериите од оловна киселина од 12V претставуваат најрециклираниот производ на Земјата, пред се од сигурносни причини, бидејќи оловото е значително потоксично од материјалите кои се користат во литиум-јонските батерии.

Новото истражување на Институтот за превоз од Калифорнија наведува дека за 20 години во светот би можело да има 1,3 до 6,7 милиони искористени батерии од електричните автомобили. Сите имаат различни претпоставки во врска со можните сценарија за овој проблем. Но, засега едно е сигурно: Секој производител на plug-in хибридни електрични автомобили ќе мора да има програма за превземање на искористените батерии (ова веќе го прави компанијата „Нисан“). Некои од овие батерии ќе одат на поправка, некои во секундарна употреба, а само прашање на време е кога ќе се појави и црн пазар на овие производи.

Испрати коментар

Scroll To Top