Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Можност за изградба на фотоволтаични централи со повластена тарифа

Можност за изградба на фотоволтаични централи со повластена тарифа

Photovoltaic-panels
Квотата за фотоволтаични централи со повластена тарифа на произведената електрична енергија сеуште не е пополнета. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека се слободни 189,5kW  за фотоволтаични електроцентрали со инсталирана моќност помала или еднаква на 50kW, како и 107 kW за објекти со моќност до 1MW.

Можат да аплицираат сите заинтересирани компании кои доколку ги исполнуваат условите би добиле привремен статус на повластен производител на електрична енергија од обновливи извори на енергија.

Досега во земјава работат 63 фотоволтаични централи со моќност до 50kW, а 42 се во фаза на градба. Издадени се лиценци и за 24фотоволтаични  централи со моќност до 1MW, од кои работат 17.

Испрати коментар

Scroll To Top