Насловна / Вести / Погон на италијанската ИТЕК во ТИРЗ Тетово

Погон на италијанската ИТЕК во ТИРЗ Тетово

0DA03BCB741C2D2D46B158C31C0AE261
Околу 120 нови вработувања ќе обезбеди новата инвестиција од 3,8 милиони евра на италијанската компанија ИТЕК, која денеска во ТИРЗ во Тетово ја почна изградбата на новиот производствен погон.

Фабриката ќе се протега на површиа од околу 4.000 квадратни метри и е првата инвестиција во оваа ТИРЗ.

Инвестицијата ќе се реализира преку компанијата PRO COMP ADVANCE TECHNOLOGIES и планирано е да се отворат пет производствени линии на композитни профили за производство на стаклени и карбонски влакна.

Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на поставувањето камен-темелник, оцени дека се работи за значајна инвестиција со која ќе се обезбедат нови вработувања за луѓе од различна етничка припадност.

 

Испрати коментар

Scroll To Top