Сезонски приспособеното производство во градежниот сектор на Европската унија во јуни повторно падна, иако со позабавено темпо отколку во мај, извести денес Eвропското статистичко биро.
Производството во градежниот сектор во 28-те земји членки на ЕУ во јуни е намалено во просек за 0,3 проценти, во однос на претходниот месец, кога, според ревидираните податоци падот на производството изнесуваше 1,4 отсто.
Меѓу одделни земји во ЕУ далеку најголем пад на производствто во градежниот сектор на месечно ниво има во Унгарија, за 7,5 отсто. Следи Шпанија со пад од 2,9 отсто.
Најголем пораст има во полскиот градежен сектор, за 2,7 насто, па во Германија, за 1,2 насто.
Гледано на годишно ниво во јуни падот на производството во градежниот сектор е 0,5 отсто. А во мај имаше пораст од 4,1 насто, покажуваат ревидираните податоци.
Најмногу, на годишно ниво, во јуни производството во градежниот сектор е намалено во Романија, 13,1 отсто, па во Португалија, за 10,3 отсто. Словенија пак е водечка со најголем скок на производството во градежниот сектор, 28,7 насто. На второ место е Унгарија со 9,8 процентен пораст.