Граѓаните ќе избираат најдобро архитектонско решение за уредување на 500 метри плажа која се наоѓа на Охридското Езеро во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.
За таа цел, Министерството за транспорт и врски на својата интернет страница креира јавна анкета на која граѓаните ќе можат да учествуваат во изборот на најдоброто идејно решение.
Станува збор за пет идејни решенија, а предвидено е плажата да се изгради согласно највисоките туристички стандарди и притоа да не се наруши еко-интегритетот на околината.
По изборот на идејните решенија, ќе се пристапи кон изработка на основните проекти по што ќе се спроведе постапката за уредување.