Уметницата со стална адреса во Берлин, Селма Алачам, смислила интересен начин за поврзување на своето културно наследство со мотиви на современата култура што ја опкружуваат во еден од највозбудливите градови во Европа. Нејзината инспирација се традиционалните ќилими во кои со конец се везени љубовни стихови на песни од познати инди рок автори. Серијата дела создадена под името Heartstrings, се состои од килими и таписерии традиционално произведени во Блискиот Исток. Авторката најчесто е инспирирана од љубовната тематика на Fione Apple, мега популарните The Black Keys, а свое место најдоа и Depeche Mode.