Осиек на тој начин ќе стане четвртиот по големина град во Хрватска, по Загреб, Риека и Гуња, кој има џамија.
Исламскиот центар во Осиек ќе биде изграден според идејниот проект на архитектонското биро PROARH Матековиќ од Загреб. Одлуката од страна на жирито била донесена во избор од 33 пристигнати дела.
На конкурсот стигнале идејни решенија од истакнати архитектонски бироа од Босна и Херцеговина и Словенија, како што е студиото Равникар Потокар, чие дело ја доби третата награда, но и „Работилница за архитектура“ од Загреб која ја освои втората награда.
„Избравме, и тоа едногласно, едно современо обликување, едно рецентно архитектонско дело кое се осврнува на општествениот и социјалниот аспект на центарот со сакрална тематика“, е заклучокот на жирито.