OSO architecture го креираат светот на ЛЕГО за првото седиште на светски реномираната компанија за играчки „ЛЕГО Турција“ во Истанбул. Компактен и дизајниран во согласност со специфичните барања на програмата, просторот од 350 м2 е генерално планиран како отворена канцеларија, наменета за 23 вработени лица.
Во оваа смисла, решени се приемни и мали сали за состаноци, кои се наоѓаат во близина на влезот и на центарот, а масите за заедничка работа се наоѓаат во непосредна близина. Менаџерските и директорските канцеларии се групирани да бидат заедно на фасадата со цел продор на природно осветление и погледи.
Социјалните области се сведени на минимум и се со ограничени димензии во рамки на големиот простор. За да се компензира, две повеќенаменски лоџи се предвидени за социјализација и неформално дружење на работното место. Покрај тоа, постои и голема просторија за 14 лица директно достапна од десната страна на влезот за салата на состаноци.
Како светски лидер во својата област на индустријата, ЛЕГО брендот е препознатлив по своите примарни критериуми за ентериерниот дизајн. Водени од тоа, архитектите ги презентираат дефинирачките карактеристики во деталите на внатрешноста, како на пример, влезот во салата и таванот во приемниот дел се изведени во класичен изглед на „лего“ тула. И проѕирните винилни „мини фигури“ се среќаваат на ѕидовите и стаклените партиции. Исто така, за уредувањето на ентериерот се искористени и историските фотографии од производствени фази во минатото како и фотографии на основачот на фабриката за производство на ЛЕГО играчки Ole Kirk Christiansen.
Во однос на графичкиот дел, се употребува широк спектар на корпоративни бои, кои создаваат хармонија меѓу декорот и чувството на припадност. Удобноста на работното место е зголемена со употреба на специјални акустични мерки. Барањето за контрола на звукот е задоволено со специјални акустични панели кои се вградени во ентериерот преку скриени детали на конекција. Покрај тоа, двојно застаклување е применето во сите стаклени партиции, а во сите затворени простори самите теписи работат како впивачи на звук.