Насловна / Архитектура / Создадена нова антипремија за архитектура – Dead Prize

Создадена нова антипремија за архитектура – Dead Prize

JOINT ENDEAVOR
Камерон Синклер, соосновач на познатата хуманитарна организација Architecture for Humanity и извршен директор на добротворниот фонд Maddox Jolie-Pitt, основан од холивудските „ѕвезди“, основа меѓународна антипремија за архитектура – Dead Prize. За неа ќе можат да се номинираат зданија кои нанесуваат штета врз човековата околина и се одликуваат со низок квалитет на архитектонски и градежни решенија. Главна цел на Синклер е да создаде „антистандард“, благодарејќи на кој архитектите можат да разберат, што всушност го прави проектирањето штетно, како тоа да се избегне, а во идеален случај – како да се „рехабилитираат“ објектите-кандидати за премијата.

Кога ќе биде избран објектот-победник, а се очекува тоа да се случи во почетокот на 2015 година, тогаш Комитетот за наградата ќе се обрати кон проектантот, за да ја чуе неговата позиција и да добие што поцелосна претстава за тоа, зошто сè се завршило така неуспешно. Ако организаторите најдат доволно средства, ќе се распише нов конкурс за најдобар план за претворање на објектот во нешто ресурсоефикасно. Кандидатите за премијата можат да се предлагаат преку Twitter до 1 ноември годинава.

SONY DSC
Треба да се забележи дека Dead Prize не е прва антипремија во областа на архитектурата. Во Велика Британија веќе неколку години се врачува наградата „Carbuncle Cup“. Меѓу последните „среќни“ добитници и финалисти се седиштето на BBC, Музејот на едреникот „Cutty-sark“, Музејот на бродот „Титаник“ и други познати градби.

Испрати коментар

Scroll To Top