Сообраќајниот јазол на метро станицата што се гради под Светскиот трговски центар, од кој патниците ќе можат да видат само еден хол, веќе е прогласен за најскап во светот.
Познатиот шпански архитект Сантијаго Калатрава е познат и по тоа што често знае да ги пробие роковите и значително да го надмине предвидениот буџет. Како што пишува Next City, од 2,5 милијарди долари колку што било планирано да се изгради World Trade Center Transportation Huba, цената пораснала на неверојатни четири милијарди долари!
Се разбира, оваа цена не го вклучува само холот обложен со бел мермер, туку и огромните интервенции во ископувањето на тунелот под West Street и сета придружна инфраструктура. Како што констатира Next City, за тие пари во Европа се прават цели метро станици, сосе еден километар од тунелот.
Сосема е јасно дека Њујорк не штеди пари на овој проект. Така, на пример, за изработка на ново лого на Светскиот трговски центар, платени е дури 3,57 милиони долари.