Овој вид, претставува луковичесто растение, кое потекнува од Јужна Америка и достигнува до 20 см во висина. Родот Oxalis се состои од неколку видови кои цветаат во различни бои.
Oxalis regnellii има светло виолетови-розеви и бели цветови во форма на чашка. Цвета преку цело лето, а цветовите и листовите преку ноќта заспиваат. Листовите му се темно виолетови. Во однос на светлината нема потреба од изложување на директно сонце.
Се размножува со луковици, кои се садат плитко во април, и обилно се полева. Во октомври поради ниските температури се губи, но следната година на пролет повторно се појавува. Исто така во октомври може да се соберат луковиците и да се складираат на ладно и суво место за да презимат, а на пролет да се насадат.