Продолжува легализацијаta на дивоградбите во општина Кисела Вода. Со денешното јавно доделување на нови 48 решенија , правен статус добија вкупно 3015 објекти, што е значаен податок , ако се земе предвид дека во општина Кисела Вода се пристигнати 11874 барања за легализација.
Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3825. Исто така, изготвени се уште 86 урбанистички согласности, од кои, за 71 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.