Ликовните уметници Пандора Апостолоска Саздовска и Сашо Саздовски учествуваат на меѓународниот уметнички симпозиум и конференција „Социјална правда – социјално вмрежување за еднаквост” која ќе се организира во Есен, Германија, во период од 16 август до 3 септември годинава. Во фокусот на овогодишната конференција во Есен е идејата на социјалната посветеност, односно како преку уметност до социјална правда и дали може уметникот преку своите дела, постапки да предизвика социјални промени во едно општество?
Визуелниот уметник Пандора Апостолоска-Саздовска на конференцијата зборува за својата истражувачка работа на која е фокусирана во последните пет години. Во нејзините дела кои таа ги работела за време на студиските престои во Австрија „Територијална, Гранична линија“ (2010/11), и „Црвена линија“ (2012/13) во Абу Даби, таа ги истражува аспектите на војната. Во последниот циклус „Детска игра“ со кој се претстави во Венеција, Италија (2014), таа е фокусирана на аспектите на војната од психолошки агол – колку војната и насилството имаат влијание врз децата и какви се последици оставаат зад себе.
Сашо Саздовски во својот последен циклус „Фамилија“ ги преиспитува своите лични ставови и погледи на одредени светски прашања со кои секојдневно се соочуваме, односно преку ликовна форма се обидува да ги долови клучните моменти во човечкиот живот како единка која припаѓа во одреден круг на едно општество.
Насловна / Вести / Уметниците Пандора Апостолоска Саздовска и Сашо Саздовски на уметнички симпозиум во Есен