Насловна / Вести / Село Лескоец ќе добие канализациска мрежа до април 2015

Село Лескоец ќе добие канализациска мрежа до април 2015

лескоец

Жителите од Охридското село Лескоец до почетокот на април идната година ќе имаат фекална канализација, информираше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Канализацискиот систем, кој, според Јанакиески, бил едно од главните барања на населението, е во должина од 7,2 километри. Инвестиција вредна околу 66 милиони денари.
„Овој е еден од 20-тината проекти што во моментотот се реализираат во соработка со Европската инвестициска банка. Ова е многу значаен проект, дел од програмата на градоначалникот, подржана од Владата. Едно населено место, со речиси 5.000 жители години наназад немаше канализација. Согласно договорот со градежната компанија најдоцна до април треба целосно да завршат градежните работи и конечно Лескоец да добие канализација“, рече Јанакиески, по направениот увид на градежните работи.

Испрати коментар

Scroll To Top