Милениумскиот крст на Водно ќе добие ново осветлување. Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје соопшти дека денеска започнуваат градежните работи околу демонтажа на постоечкото и поставување на ново осветлување на Милениумскиот крст.
Милениумскиот крст на Водно, кој стана еден од препознатливите симболи на Скопје, нема да свети два до три месеци, најавуваат од ЈСП.