Британските власти соопштија дека четири нуклеарни реактори на северот на земјата нема да работат најмалку осум недели поради дефект. Два реактори се затворени во нуклеарната централа Хејшам, поради дефект утврден при редовните инспекциски контроли, додека уште два реактори во централата Хартлпул се затворени од превентивни причини. Нуклеарните централи Хејшам и Хартлпул работат од 1983 година, и треба да бидат затворени во 2019 година. Секоја од нив има вкупен капацитет од 1,2 GW.