Насловна / Архитектура / Врата на образованието

Врата на образованието

168720
Новото здание во кампусот на Бизнис-школата на Ливингстон колеџот при Универзитетот Ратгерс во Њу-Браунсвејк, САД, е отворено минатата година во рамките на реконструкцијата на кампусот, чиј мастер план го изработи бирото на Енрике Нортон.

Тоа зданние е првото што го гледаат посетителите на кампусот. Во буквална смисла – врата на колеџот. Аголот на Г-формираното здание, потпрено на наклонети столбови, надвиснува над главната улица, која води во длабочината на комплексот. Минувајќи под арката, низ стаклените фасади може да се види сè што се случува внатре. Речиси азбука на единство на надворешното и внатрешното, која овде има практична смисла, користејќи истворемено двор и лоби, можат да се одржуваат концерти, предавања, преноси и свечени церемонии.
168725
При влезот во зданието  се отвора поглед кон широките скали. „Се надеваме дека во тој амфитетар луѓето ќе се одмораат, ќе пијат кафе, ќе работат со лап–топови и ќе разговараат едни со други. Би сакале да мислиме дека тоа место ќе личи на Шпанските скали во Рим, каде што луѓето седат безгрижно, и се сретнуваат со други луѓе“, вели Енрике Нортон.

168726
Уредувањето на зданието е одраз на современо образование, каде што наставата од посебни училници се прфрла во послободни отворени пространства. Мноштвото училници и аудитории се споени едни со други по вертикала со атриумот и нанижани во хоризонтални редови со јавните простори во различни големини. Професорите се во самиот центар на зданието, во зоната достапна за сите студенти, што ги прави не само извор на знаење, туку и колеги по заедничка работа и развој на идеи, разработени во школата.

168724
Зданието има две фасади. Една свртена кон надворешната улица, покриена со релјефни, превртени под различен агол алуминиумски панели, а втората гледа кон страната на кампусот и е целосно застаклена.

168721
Објектот на Бизнис-школата, како и сите нови градби на кампусот, одговараат на „сребрениот“ сертификат  LEED (50 до 60 поени од можни 100) – систем за доброволна сертификација за оценка на ефикасноста и екологијата на проектот. Тоа значи греење и ладење во текот на целата година, обезбедено од опрема поставена под централниот плоштад, како геотермално поле во кое работат 321 топлотни пумпи, спуштени на длабочина од 150 метри и комплекс на сончеви батерии сместени во североисточниот дел од територијата. Освен ова, тие батерии покриваат до 63 проценти од целата електрична енергија неопходна за кампусот. Дождовницата се собира со помош на специјални колектори и се акумулира во вештачки езерца.

168731 168730 168732

Испрати коментар

Scroll To Top