Црквата „Свети Kонстантин и Елена“ ќе ја има највисоката камбанарија во Скопје, висока 50 метри. Според најавите на изведувачот, напредува изградбата на црквата „Свети Kонстантин и Елена“ во строгиот центар, чија камбанарија со височина од 50 метри и крст од седум метри ќе биде највисоката камбанарија во Скопје и еден од највисоките објекти во Малиот ринг, пишува „Дневник“. Според пишувањето, камбанаријата ќе има едно големо централно ѕвоно, кое ќе биде тешко 8,3 тони, и уште 11 помали. Црквата е висока 30 метри, со крст висок пет метри. Овој православен христијански храм треба да биде комплетно завршен до крајот на 2015 година. Секојдневно кон градилиштето, кое е непосредно до Спомен-домот на Мајка Тереза, се вртат погледите на минувачите. Kарабината на црквата е одамна готова, се издига и камбанаријата и граѓаните можат да ја следат реализацијата на нејзиниот конечен изглед.