Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Енергетски независен град

Енергетски независен град

Güssing_-_BurgАвстриското гратче Гисинг (Güssing) има само 4.000 жители. Сместено е во регионот Бургенланд, кој кон крајот на 80-тите години од минатиот век бил еден од најсиромашните во Австрија. Неповолната географска положба, близината на границата со Унгарија долги години претставува пречка за лоцирање на индустриските компании во овој град. Не постоела инфраструктура како автопат или железничка пруга, што секако негативно се одразило на отворањето на нови работни места. Стапката на миграција била исклучително висока. 70% од луѓето секојдневно патувале на работа во Виена или Грац. Најголеми средства се трошеле за енергенти: нафта, електрична енергија, јаглен. Најголем дел од домаќинствата се грееле на нафта или јаглен, а во градот не постоел ниту топловод ниту гасовод.

Но, од 1992 година ова место ја започнува својата енергетска преобразба, која ја предводи тогашниот градоначалник. Новата енергетска политика е заснована на употреба на обновливи извори, енергетска ефикасност и енергетска независност. Денес, Гисинг произведува 100% од електричната енергија од обновливи извори. Со обезбедување на 71% од потребите за енергија од сопствено производство, Гисинг е на прво место меѓу сите европски градови.

Испрати коментар

Scroll To Top