Градовите можеби се најголемиот изум на човештвото, вели економистот од Харвард Ед Глејзер, автор на „Триумфот на градот“. Дури и во денешно време многу модерни метрополи ги прошируваат границите на индустријата, дизајнот, урбанизамот и планирањето, додека во исто време се преиспитува начинот на кој луѓето живеат и работат. Ова се најиновативните градови според Business Insider користејќи различни индикатори, од патенти по глава на жител до висина на облакодери.
Сингапур располага со најдобра инфраструктура во светот, вклучувајќи аеродром, градина за пеперутки, базен, киносали, хотели, спа центри, дури и четирикатно лизгалиште.
Амстердам е најдобар град за велосипедистите во светот, со оглед на тоа што 38% од транспортот во градот се реализира со велосипед.
Бангалор е познат како Силиконска долина на Индија, а технолошкиот сектор на градот носи приходи во износ од 17 милијарди долари годишно.