Екипите на Градот Скопје деновиве прошируваат дел од крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „16. Македонска бригада“. Во текот на градежните работи коловозот на булеварот „Александар Македонски“ ќе се прошири за една сообраќајна лента со ширина од 3,5 метри, во делот пред и по свртувањето во десно кон улицата „16.Македонска бригада“, кон базата на Противпожарната бригада.
Коловозот на булеварот „Александар Македонски“ ќе се прошири во должина од 150 метри.
На терен деновиве се прави ископ, се преместуваат рабниците, сливниците и столбовите за улично осветлување. На новата сообраќајна лента потоа ќе се нанесе тампонски слој и ќе се асфалтира.
Со проширувањето на дел од крстосницата меѓу булеварот „Александар Македонски“ и улицата „16.Македонска бригада“ во голема мера ќе се намали метежот во сообраќајот и ќе се олесни свртувањето во десно, кон базата на Противпожарната бригада.
Градежните работи се очекува да завршат за еден месец. На проширување на дел од крстосницата меѓу булеварот „Александар Македонски“ и улицата „16. Македонска бригада“ работат екипите на ЈП „Улици и патишта“, а Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу две милиона денари со ДДВ.