Во селото Брусница на 3 km оддалеченост од Горњи Милановац, може да се види уникатен пример на куќа изградена од автомобилски гуми, односно со т.н. earthship метода. Сопственици на оваа куќа се двајцата уметници, Бојан Јовановиќ и Смиља Игњатовиќ. Значаен дел од нивната работа се базира на повторна употреба на материјалите и рециклирање. Во таа смисла, овој метод на градба за нив бил вистинско откровение.
Во процесот на изградба освен гуми користени се и стаклени шишиња, лименки, слама, дрво, бетон и цигли. Потребни биле околу 300 автомобилски гуми, набавени бесплатно од депониите во Белград.
Крајната цел на сопствениците на оваа куќа е да бидат потполно енергетски независни, како и самостојно да одгледуваат храна.