Насловна / Арт и дизајн / Изложба на фотографии од легендарниот Дејвид Бејли во Арл

Изложба на фотографии од легендарниот Дејвид Бејли во Арл

FRANCE-ARTS-CULTURE-PHOTOGRAPHY-FESTIVAL

Поставена е голема изложба на фотографии Bailey’s Stardust од Дејвид Бејли во црквата „Св. Ана“ во Арл, Франција, пристигната од лондонската Национална галерија на портрети.

дејвид бејли_4

Повеќе од 50 години, Дејвид Бејли снима за најголемите модни списанија (само за британскиот Vogue има снимено 350 насловни страни), режира рекламни кампањи и видеа, а работи и на сопствени фотографски проекти. Фантастичната изложба Bailey’s Stardust е составена од сите овие компоненти, а самите изложени фотографии лично авторот ги одбрал.

дејвид бејли_7

Освен со модната фотографија, Дејвид Бејли се занимавал и со репортажна фотографија, посетувајќи ги речиси сите страни на светот, од Њујорк до Папуа Нова Гвинеја. Тој, исто така, снимал актери, писатели, музичари, филмаџии, дизајнери, уметници и секојдневни минувачи. Изложбата презентирана во Арл е поделена во неколку тематски целини – од неговите патувања низ светот, преку културните аспекти на фотографијата, до делови посветени на модата и уметноста. На изложбата се поставени и фотографии од неговите најголеми серии Box of Pin-Up и Bailey’s Democracy. Во првата се содржат портрети од ѕвездите на 60-тите години на минатиот век, а во втората фотографии на актови од студиото на Бејли.дејвид бејли_5 дејвид бејли_3 дејвид бејли_1 дејвид бејли_6

Испрати коментар

Scroll To Top