Музејот во Мехелен, Белгија, познат под името Stedelijk Museum Hof van Busleydan, се состои од концепт на згради, изградени од тула и песочник, одговор на доцниот готски стил, кои се развиваат околу три надворешни простори: малиот северен двор со борови дрвја, централниот правоаголен поплочен со калдрма и јужната градска градина. Од 1938 година е во функција на градски музеј. Зградата претставува заштитено културно наследство, за што се отвора конкурс за проект за обнова. На конкурсот победува проектот на dmvA Architecten, со т.н. концепт на „отсуство на архитектот“.
Во предложениот концепт, самата локација на ‘Hof van Busleyden’, централниот дел на градскиот музеј е сублимиран во музејски објект. Музејот ја интензивира локалната урбана култура и е интегрирана во ткивото на градот. Со низата правци на движења, дворови и градини; барови, тераси и една книжарница, музејот повторно е суштински дел од градот.
Музејот е обновен со минимални интервенции. Засолништето од 19 век не го рушат туку го поткрепуваат со вертикални челични ленти, кое нуди лантерно северно осветлување за изложбените простори. Ентериерот обилува со чисти бели површини и потези од светло дрво, кои му даваат една примамлива и топла нота на просторот.