До 2030 година употребата на бетон може да се намали за 20% благодарејќи на бетонот армиран со јаглеродни влакна. Оваа цел која си ја зацрта германската влада е многу реална, затоа што за реализацијата на оваа замисла е задолжен конзорциумот на германските факултети како и големите градежни компании.
Лесните компоненти направени од бетон армиран со текстил не само што ќе ја намали емисијата на CO2, туку ќе го поедностави процесот на изградба и монтажа.
Текстилниот бетон или бетонот армиран со текстилни влакна е иновативен композитен материјал направен од бетон со фина гранулација и високо отпорни влакна од јаглерод, алкално отпорно стакло и базалт. Главна разлика помеѓу армираниот бетон кој се користи со децении и текстил-бетонот е тоа што влакната се поврзани со технологија која се користи во текстилната индустрија. Поради тоа влакната може да се постават во правец на дејствување на силите.
Голема предност во однос на класичниот армиран бетон е што кај овој бетон не постои опасност од корозија на арматурата. Со самото тоа и заштитниот слој може да биде многу помал па и компонентите на текстил-бетонот се потенки и полесни.
Текстилниот бетон најмногу се користи кај мостови, лушпести конструкции, фасадни елементи но и при санација на објекти. Еден од карактеристичните примери на ваков бетон е мостот во германскиот град Отах изграден во 2010 година.
Мостот е направен од шест префабрикувани делови долги по 17,2 метри. Благодарејќи на употребата на текстилниот бетон и преднапрегањето, постигната е дебелина на попречен пресек од само 43,5 cm. Арматурата од бетонот во овој случај служи за прием на бочни сили.